Македонија
7. November 2022 - 12:24

65 годишен маж со „митсубиши пајеро“ излетал од коловозот


На 06.11.2022 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, пред Скудрињски мост, патничко моторно возило „митсубиши пајеро“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Р.И. од с. Требиште, излетало од коловозот.

Во несреќата, сопатничката З.И.(62) се здобила со тешки телесни повреди, а другите две сопатнички Д.С. и Е.А. се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.