70 отсто од новите случаи се со британски сој, рече Филипче
Анализата на вирусот, односно на геномската секвенца, покажа дека 70 проценти од вкупниот број новодијагностицирани случаи на инфицирани со Ковид-19 се заразени со т.н. британски сој на вирусот. Сите овие денови вклучително и овие кои се пред нас, а тоа е викендот, ќе се анализираат состојбите во одредени градови, посебно конкретно во Кавадарци, Прилеп и Охрид и врз основа на тие анализи ќе видиме дали ќе се препорачаат некакви дополнителни рестриктивни мерки.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сега сме во една ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени и според последните пресметки, раст на РО факторот на преносливост на 1,3. Тоа што сега не можеме да бидеме сигурни, посочи министерот, е дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој мини бран кој се случува овие денови.
– Сведочиме секој ден дека има собири на јавни места и во угостителски објекти. Убавото време ќе натера многу наши сограѓани да не ги носат маските за жал и да не ги почитуваат мерките за препорачаната дистанца. Чекаме да заврши анализата по региони и да видиме дали ќе има некои мерки кои ќе се однесуваат на посебни градови и региони и нешто што ќе важи за територијата на целата држава. Целокупниот здравствен систем и пред се здравствените работници добро се справија, се реорганизираа и го постигнавме тоа што најмногу го сакавме, а тоа е ниту еден пациент да не остане без здравствена услуга, односно да биде сместен секогаш кога има потреба и индикација во здравствените установи, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра