72 годишниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе
Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.
- Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.
Претходно, МВР излезе со информација за МИА, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
- Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.
Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.
Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.
ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
