84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 84-годишен маж осомничен за обид да изврши кривично дело „убиство“, сторено од ниски побуди, со умисла, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 4 декември, во хотел во Куманово. Според обвинителството, осомничениот утрото искористил момент кога друг гостин ја отворил влезната врата и незабележано влегол во објектот. Потоа се упатил кон собата каде престојувала оштетената заедно со својот неподвижен сопруг.
Кога жената го забележала пред собата и тргнала да ја затвори вратата за да го спречи да влезе, осомничениот извадил нож и ја удрил во пределот на главата. Во моментот кога ножот му паднал од рака, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да бара помош.
На нејзините крици реагирал нејзиниот син, кој престојувал во соседната соба и успеал да го спречи напаѓачот да продолжи со нападот.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Куманово му одредил мерка притвор на осомничениот.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
