-->
-->
АБА лига: 10.та победа за карпош Соколи
-->
Кошаркарите на Карпош Соколи ја постигнаа 10. победа во АБА лигата откако синоќа на домашен терен го совладаа Задар со 85:79 (19:24; 22:17; 16:19 и 28:19).
Екипата на Карпош Соколи до триумфот дојде благодарение на разликата остварена во последната четвртина, а по првиот дел беше 41:41.
Со оваа победа Карпош Соколи го потврди опстанокот во АБА лигата.
Најефикасен на дуелот беше Кендрик Пери од Карпош Соколи со 26 поени.
На вториот натпревар одигран вчера МЗТ Скопје загуби од Будуќност со 92:61, а играчот на МЗТ Скопје Андреј Настовски ги постигна првите поени за МЗТ Скопје во АБА лигата и со тоа стана најмлад играч што постигнал поени во ова натпреварување.
Резултати на другите натпревари од 25.коло:
Морнар – Игокеа 83:76,
Цибона – Мега 88:100,
Партизан – Крка 94:80,
Олимпија – Цедевита 92:94 и
ФМП – Црвена Звезда 76:84.
Табела: Црвена Звезда 24-1 (победи-порази), Цедевита 19-6, Партизан 19-6, Будуќност 18-7, Игокеа 12-13, Цибона 11-14, Мега 10-15, ФМП 10-15, Олимпија 10-15, Карпош Соколи 10-15, Морнар 9-16, МЗТ Скопје 8-17, Задар 8-17, Крка 7-18.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч