АБА лига: МЗТ Скопје подобар од Цибона за трета победа во серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа третата победа во серија во АБА лигата откако вечерва во рамките на 7.коло во СЦ „Јане Сандански“ ја победија Цибона со 69:68 (16:17; 21:15; 15:21; 17:15).
Во текот на целиот натпревар дуелот беше изедначен, а на полувремето македонскиот првак водеше со 37:32. Во вториот дел гостите по десет минути игра стигнаа и до водство од 53:52. На стартот од последниот период Цибона поведе со 56:52, но потоа следуваше решавачката серија на МЗТ Скопје за победа од 12:0.
Ѓорѓе Дреновац со 18 поени беше најефикасен, додека Марко Луковиќ постигна 13.
Вечерва се игра уште еден натпревар од 7.коло: Цедевита – Задар, додека колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Металац и Црвена Звезда.
На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Тајфун – Мега Лекс 60:64, Олимпија – Будуќност 63:67, Партизан – Крка 69:70, Игокеа – Сутјеска 75:58.
Табела: Будуќност 6-1 (победи-порази), Мега Лекс 5-2, Олимпија 4-3, Игокеа 4-3, МЗТ Скопје Аеродром 4-3, Црвена Звезда 4-2, Цедевита 4-2, Крка 3-4, Металац 3-3, Партизан 2-5, Сутјеска 2-5, Тајфун 2-5, Цибона 2-5, Задар 2-4.
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкци за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
