Кошарка
18. March 2023 - 20:13

АБА лига: МЗТ Скопје

Незгоден пораз на МЗТ Скопје од Игокеа на домашен терен од 84-78 со што битката за опстанок на металците во регионалната АБА лига се сведува на теорија. 
Македонскиот првак играше солидно и имаше минимална предност се до последната четвртина кога дозволи гостите да направат предност од  недостижни 11 поени предност. 
Сепак и во таква состојба МЗТ не се предаваше и собра сили да се врати на два поени негатива  по серијата 9-0 но не и да направи пресврт. 
Игокеа на крајот победи со 78:84, со што МЗТ  следниот викенд ќе гостува кај Борац  дуел за опстанок  кој ќе биде директна пресметка меѓу двата последно рангирани тимови на табелата.