-->
-->
АБА лига: Прва гостинска радост за Карпош Соколи
-->
– Кошаркарите на Карпош Соколи синоќа во Љубљана ја постигнаа првата гостинска победа во АБА лигата откако ја совладаа екипата на Олимпија со 97:92 (23:24; 28:18; 23:29 и 23:21). Ова за тимот на тренерот Драган Николиќ е вкупно осма победа сезонава.
Во текот на целиот натпревар двете екипи се менуваа во водство, а во финишот на дуелот тимската игра на петорката која беше на теренот донесе триумф за Карпош Соколи.
Драган Зековиќ со 15 поени беше најефикасен кај Карпош Соколи, а вкупно шест играчи имаа двоцифрен број поени, а најефикасен на дуелот беше Девин Оливер од Олимпија со 30 поени.
Резултати на натпреварите од 20.коло: МЗТ Скопје Аеродорм – Мега 75:74, Будуќност – Партизан 74:68, Цедевита – Игокеа 89:78, Задар – Крка 77:83, ФМП – Цибона 84:75, Олимпија - Карпош Соколи 92:97.
Вечерва се игра дуелот Црвена Звезда – Морнар.
Табела: Црвена Звезда 19-0 (победи-порази), Партизан 15-5, Цедевита 14-6, Будуќност 14-6, Цибона 11-9, Олимпија 9-11, Игокеа 9-11, ФМП 8-12, Карпош Соколи 8-12, Крка 7-13, Морнар 7-12, Мега 6-14, МЗТ Скопје 6-14, Задар 6-14.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир