-->
-->
АБА: Прва историска победа за Карпош Соколи
-->

Кошаркарите на Карпош Соколи ја забележаа првата победа во регионалната кошаркарска АБА лига и тоа над досега непоразената Будуќност од Подгорица.
Клучна за победата на македонскиот тим од 77:71 беше предноста од 25:8 остварена во втората четвртина, додека другите три периоди им припаднаа на гостите од Црна Гора 25:18; 23:21 и 15:13. Најефикасен кај К.Соколи беше Зековиќ со 17 поени, а на дуелот Суботиќ од Будуќност со 20 поени.
Деветтата рунда на Јадранот стартуваше синоќа со натпреварот Игокеа – Мега Лекс 64:67.
Покрај средбата во Скопје денес уште играат Партизан и Цедевита.
Двојките за утре се:
Крка – МЗТ Скопје Аеродром,
Олимпија – ФМП,
Цибона – Црвена звезда и
Морнар – Задар.
Табела: Будуќност 8-1 (победи-порази), Црвена звезда 8-0, Цибона 6-2, Партизан 6-2, Цедевита 5-3, Игокеа 4-5, Мега Лекс 3-6, ФМП 3-5, Крка 4-3, Задар 3-5, Морнар 2-6, Карпош Соколи 1-8, МЗТ Скопје Аеродром 2-6, Олимпија 2-5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
