АДКОМ: Цените на комуналните услуги ќе растат доколку нема помош од Владата
Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територија на целата држава, денеска повторно упати апел за средба до Владата од која бара помош поради зголемените трошоци со поскапувањето на струјата. Доколку нема помош, најавуваат промени на цените на услугите.
АДКОМ во соопштение денеска информираше дека од Владата не добиле никаков одговор за средбата што ја побараа пред еден месец за состојбите со растечките трошоци на претпријатијата и потребата од владина помош.
– Потсетуваме дека на 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на Владата, на кои ќе се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата, кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан, пред се, поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија. Со продолжување на оваа состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија се доведува во прашање квалитетот на услугите кои ги овозможуваат за граѓаните, како и нормалното опстојување на самите претпријатија кои обезбедуваат работа за повеќе илјади семејства, се вели во соопштението.
Владата, која учествува во формирањето на цената на струјата и која одобри зголемување на електричната енергија, нагласуваат од АДКОМ, потребно е да покаже разбирање за овој реален проблем.
-Доколку не се изнајде одржливо решение и Владата не помогне, претпријатијата кои ги обединува АДКОМ, ќе мора да пристапат кон изготвување на ревизија на цените по кои моментално ги испорачуваат услугите. Уште еднаш апелираме на средба со Владата на која ќе се дискутира за конкретна поддршка на јавниот сектор, се наведува во соопштението од АДКОМ.
Ново на Сител
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
