Џет-Сет
5. November 2016 - 10:37

Адријана Лима се обидува да го заведе Кристијано Роналдо

Ако им се верува на најновите шпекулации, бразилската манекенка Адријана Лима „му фрлила око“ на славниот португалски фудбалер  Кристијано Роналдо.

Шпекулациите дека бразилската убавица се обидува да го освои португалскиот фудбалер дополнително ги потврдиле и коментарите кои таа му ги пишува на Инстаграм.

Имено, следбениците на Роналдо забележале дека Адријана му поделила комплимент на една негова фотографија на Инстаграм.

- Оваа комбинација на стил и боја многу добро ти прилега, напишала Адријана.

Откако се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кого има две ќерки, Лима е во потрага по вистинското момче.