Аџибадем Систина: Не сме го информирале Габриел Бајрам дека е негативен на корона-тестот
Од клиничката болница „Аџибадем Систина“ тврдат дека синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам, бил да се тестира во лабораторијата на болницата на 26 октомври и добил позитивен резултат на тестот направен со ПЦР метода.
„Со оглед на тоа што резултатот од молекуларниот тест бил позитивен, освен на лицето, известување за тоа е испратено и до Институтот за јавно здравје што е задолжителна обврска. Во целост ги отфрламе и тврдењата дека нашата болница го информирала лицето дека има негативен резултат на ПЦР молекуларна детекција на вирусот Сарс Ков 2“ , велат од болницата.
Претходно, семејството Бајрамови за „Фокус“ дале изјава дека Габриел Бајрам добил информација од Систина дека е негативен на коронавирусот, за потоа да му кажат дека е позитивен.
Меѓутоа, денеска приватната клиника во целост ги демантира тврдењата на Габриел Бајрам.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата