Свет
27. December 2024 - 8:06

Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини

Заради безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово беа воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казањ, соопшти руската агенција Росавијација.

Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено „не прифаќаат ниту испраќаат летови“. Причините за тие ограничувања не се наведени.

Ограничувања за користење на воздушниот простор претходно беа воведени на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, соопштија прес-службите на тие аеродроми.