Аеродромот во Брисел делумно работи, стотици летови откажани

Аеродромот Завентем во Брисел и денеска откажа поголем дел од раните утрински летови поради зимските услови во Белгија.
Аеродромот вчера беше затворен поради обилни врнежи од снег. Немаше ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти.
Локалните медиуми јавуваат дека во текот на вчерашниот ден биле откажани 300 летови, а стотина пренасочени.
На аеродромот, како и во соседниот град Лувен, Црвениот крст обезбедил привремен престој за патниците кои нема каде да чекаат до нормализирање на состојбата.
Се очекува летовите да продолжат по чистењето на пистите и пероните.
Аеродромот не успева да се справи со чистењето по обилните снежни врнежи, пропратени со дожд и силен ветер.
Службите за одржување на патиштата соопштија дека во текот на вчерашниот ден е постигнат нов рекорд на застој во земјата - над илјада километри.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
