Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон

Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми.
Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“.
Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување.
Портпаролот на федералната полиција, Стефан Бајер изјави за германскиот весник дека во близина на аеродромот е забележан потенцијално неовластен летачки објект и дека е наведено дека може да станува збор за дрон.
Голем број полицајци беа присутни на местото на настанот, а беше распореден и хеликоптер за да провери за евентуално присуство на дрон. Околу 10:05 часот беше објавено дека полицијата не открила ништо сомнително, изјави портпаролот за „Билд“.
МИА
Ново на Сител
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
-

ИРГЦ нападна американски воени бази во Блиски Исток
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
-

Во недела средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски
-

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
