АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
По најдобриот изборен резултат на партијата на национално ниво, копретседателката на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека нејзината партија е подготвена да учествува во идната влада, јави ДПА.
- Нашата рака секогаш ќе биде подадена за учество во власта, за да ја спроведеме волјата на народот, волјата на Германија, им рече Вајдел на своите поддржувачи, откако стана јасно дека резултатите од излезните анкети укажуваат на околу 20 отсто поддршка.
Сепак, доколку тоа не се случи, Вајдел, вети дека ќе „брка“ другите партии во земјата доколку нејзината партија оди во опозиција, посочува ДПА
Централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ води според излезните анкети, а нејзиниот лидер Фридрих Мерц постојано ја отфрла можноста за коалиција со АфД.
- Ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа во опозиција исто толку конструктивно како што правиме од 2017 година, рече Вајдел.
- Ќе ги бркаме другите да прават разумни политики за нашата земја, додаде таа.
Вајдел рече дека е „многу среќна што пораснавме толку многу“.
Според првичните резултати, АфД речиси го удвои својот рејтинг во споредба со 10,4 отсто што ги постигна на изборите во 2021 година.
Ново на Сител
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната
-
Пожар во руски регион по украински напад со дронови
-
Светските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфД
-
Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл