АФП: Растат тензиите во Србија пред саботниот протест

Агенцијата Франс прес оценува дека во Србија расте тензијата пред новиот протест кој во сабота може да донесе десетици илјади демонстранти во Белград, кои српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвинува однапред дека подготвуваат насилство, повикувајќи ги своите приврзаници да излезат на улица.
Полицијата, која досега беше дискретна или отсутна од протестните маршеви, сега е видлива, со шлемови и опрема за да ги разбие демонстрациите, кои, според АФП, се „мирни и масовни“ и траат по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица.
АФП пишува и дека приврзаниците на Вучиќ поставиле камп пред Претседателството.
Многумина се претставуваат како студенти кои сакаат да се вратат на наставата, но според АФП, меѓу шаторите се видени познати ултранационалистички активисти, меѓу кои и членови на Црвените беретки, единица за специјални операции од времето на Слободан Милошевиќ во 1990-тите.
Црвените беретки се познати низ целиот Балкан и нивното име остана поврзано со атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, потсетува АФП.
Вучиќ, кој се соочува со најголемите протести од доаѓањето на власт пред повеќе од 10 години, наизменично зборува за ризиците од немири или странски агенти, наводно, вклучени во акциите.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
