Агелер: Зајакнување на правосудството во земјава на сите нивоа е главен приоритет
Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за Амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде Амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста.
- Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите, порача Агелер.
Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, нагласи Агелер, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани.
- За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Северна Македонија во правосудството, порача Агелер.
Претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, изрази благодарноста за донацијата, која помага во секојдневната работа, а со крајна цел да овозможиме верба на граѓаните во институциите во системот и добивање на правда.
- Се работи за сериозна донација што ќе ни помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа што многу побрзо можеме да работиме на одредени докази и прибирање доказен материјал, изјави Бубевски.
Се надеваме, посочи Бубевски, и на понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош.
Ново на Сител
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
