Агенција за храна и ветеринарство: Нема небезбедни јајца на македонскиот пазар
Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ ги демантира написите во некои медиуми дека во Македонија се увезуваат небезбедни јајца од Србија.
- Агенцијата за храна и ветеринарство одговорно и аргументирано тврди дека на македонскиот пазар нема небезбедни јајца, ниту од Република Србија ниту од домашно производство. Јајцата коишто се увезуваат од Србија ги исполнуваат сите безбедносни критериуми, а тоа е потврдено со заемно признатите ветеринарни сертификати за безбедност помеѓу Република Србија и Република Македонија, како и со пропратните лабораториски анализи од акредитирани лаборатории во Република Србија, соопшти Агенцијата.
Институцијата појаснува дека при секој увоз на јајца на самиот граничен премин официјален ветеринар врши контрола на безбедноста и обележувањето на јајцата, а дополнителна контрола се врши и при истовар кај операторот увозник на јајцата од страна на официјален ветеринар-инспектор.
- До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема констатирано неусогласености во безбедноста и означувањето на увезените јајца, наведува Агенцијата. Посочува и дека на оваа тема со Групацијата за живинарство минатата недела во Стопанската комора на Македонија одржала три состаноци со жининарски фарми, на кои директорот Зоран Поповски истакнал дека исполнувањето на безбедносните критериуми на увезените јајца во Македонија е еднакво со безбедносните критериуми на јајцата од домашно производство.
Ново на Сител
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита