„Агротиквешија”: Да останат ланските цени за килограм грозје
Да останат минатогодишните цени за килограм грозје, побараа лозаропроизводители кои беа присутни на средбата што синоќа се одржа во салата на зградата на општина Кавадарци.
На средбата иницирана од Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” присуствуваше и градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов.
Претседателот на „Агротиквешија” Љупчо Аризанов на средбата ги запозна присутните за тоа како се одвивале четирите средби со претставници на винариите, под медијаторство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во пресрет на годинешниот гроздобер.
- Винарите бараат благо да падне цената на винското грозје. Сакаат да закинат една шеќерна единица или да се симне нејзината вредност. Поединечно за секој од нас тоа не е многу, но гледано во државни рамки, тоа се тешки пари, околу милион и 600 илјади евра. Ние стоиме на ставот да си останат ланските цени и ланските шеќерни единици, рече Аризанов пред присутните.
Обраќајќи им се на лозарите, градоначалникот Апостолов нагласи дека целта им е иста - да се создаде што е можно поповолен амбиент оваа година, кога е во прашање претстојниот откуп на грозјето.
- Во досегашните преговори дел од изнесените предлози околу цените за килограм грозје беа наши, а свои предлози даваа и винарите, како и претставниците на Министерството за земјоделство. Директорот на Земјоделскиот инспекторат вети постојано присуство на нивните инспектори на откупните пунктови, додека таму се носи грозје, додаде меѓу другото Апостолов.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел