Ахмети до Мицкоски: Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите
Со скандирање „УЧК“ од говорницата на неделниот митинг во Скопје, Али Ахмети следен со извиците на присутните, му порача на лидерот на ВМРО ДПМНЕ да внимава кога зборува за граѓаните со дискриминаторски јазик, особено кон Албанците.
„Христијане, мојот народ вели дека камен по камен настанува тврдина, а збор по збор почнува неволја, затоа мери си ги зборовите, зашто уште си млад, на устата уште имаш млеко, порача Ахмети.
Понатаму во говорот Ахмети потсети дека „УЧК е ослободителот, така што денес сопствениците се господари во своите домови.
„Ние никогаш не сме сакале да бидеме туѓинци во земјата, но за нашето се боревме и пролеавме крв, рече Ахмети.
На ова следеше скандирање од присутните со „УЧК“, „УЧК“, а од говорницата им се придружи и Ахмети.
Затоа, добро да ги измериме зборовите бидејќи оваа земја има свое место во Европа и таму можеме само заедно да одиме. Минатото е болно и не треба да се заборави, но треба сите да се бориме ова минато да не се повтори, но да видиме како да ја градиме иднината. А иднината е интеграција на државата во ЕУ“, рече Ахмети.
Овие зборови на Ахмети од говорницата и денеска силно се коментираат по социјалните мрежи.
Додека приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ ова го протолкуваа како сериозна закана и знак дека Ахмети се чувствува загрозено, од албанскиот блок потсетуваат дека ова е позната реторика. По изборите се’ ќе биде заборавено, а и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе мора да тропнат на врата на ДУИ кога ќе прават влада, потсетуваат некои од албанските интелектуалци.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени