Ахмети: ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчеравечер на средба со граѓаните на општина Желино кажа дека нивната партија е крвта на затворените, мртвите Албанци, и дека таа е дело на интелектуалците.
„Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред.
Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и ефикасната администрација.
Албанците денес се одлучувачки фактор во државата. Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан... колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат. Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение.
Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех“, изјави Ахмети.
Ново на Сител
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
