Ахмети: Идејата за премиер Албанец потекнува уште пред 11 години
Оваа идеја за прв премиер Албанец потекнува уште пред 11 години и во последните 3-4 месеци започнавме со консултии и разговари со потенцијалните кандидати, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети не вчерашната дебатна емисија во Клан Тв.
– Разговарав со речиси десет можни кандидати за премиер. Г-дин Зибери, на кого оваа идеја му изгледаше достапна, но и други кандидати со кои разговарав ја поддржаа оваа идеја, но од различни причини, не можеа да ги остават нивните агенди и не можеа да влезат оваа активност. Г-дин Зибери изрази подготвеност и досега успешно комуницира со јавноста и ја објаснува својата програма за тоа како ќе го води извршниот орган на оваа земја, рече Ахмети.
Тој истакна дека жали што неговите конкуренти, опоненти, не ја гледат, не ја студираат платформата на ДУИ и им порача внимателни да ја следат документацијата, историјата на партијата, бидејќи, како што рече, „во иднина може да се случи да паднат на минско поле, како што сега паднаа“.
– Жал ми е што тие не ги анализирале и проучувале нашите платформи, програми и цели што ги имавме уште пред 11 години: министер за одбрана, министер за внатрешни работи, спикер на Собранието, ако ги прашавте во тоа време, тие сигурно би рекле дека не се изводливи, но сега овие работи се реализирани, рече тој.
Во врска со изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека е здраво за државата ДУИ да оди во опозиција, Ахмети рече дека ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту кој било друг господин не одлучуваат што е здраво за земјата, додавајќи дека за здравјето на државата граѓаните ќе одлучуваат на 15 јули.
Во однос на коронавирусит, Ахмети потенцира дека граѓаните се безбедни и им порача да излезат да гласаат на 15 јули почитувајќи ги сите мерки препорачани од здравствените институции.
– Во однос на вирусот, ние сме многу внимателни, затоа што на прво место моравме да покажеме грижа за здравјето на граѓаните и доколку имало резервна доза за организирање на изборите, тоа е токму во оваа прашање. Додека не бевме убедени од надлежните органи и институции од областа на здравството дека ќе бидат преземени сите мерки за организирање избори и секој граѓанин ќе биде уверен дека нема да има никаква опасност на избирачките места, не сме дале зелено светло како ДУИ за организирање на избори. Затоа, ги уверувам сите граѓани дека здравствените институции ги презедоа сите мерки за заштита и грижа на здравјето на луѓето и сите граѓани безбедно да се упатат кон избирачките кутии, почитувајќи ги сите совети дадени од надлежните органи, рече Ахмети.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска