Ахмети ја осуди изјавата на Дардишта: Тоа е против каузата на ДУИ
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја осуди изјавата на поранешната директорка на заеднички служби на Клинички центар Шкодране Дардишта.
Рече дека таквите изјави се спротивни на каузата на партијата.
- ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата, рече Ахмети пред состанкот на Генералниот совет на партијата во Тетово.
Вчера Дардишта порача да не се игра со оган, откако опозициските партии заедно со Движењето БЕСА најавија ново парламентарно мнозинство.
- Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напиша таа на социјалната мрежа Фејсбук.
Ахмети рече дека лажна вест е оти пратеници од партијата би можеле да преминат во новото парламентарно мнозинство. Според него, никој не вели дека не е демократски опозицијата да собере 61 пратеник.
- Нормално е да имаат 61 пратеник, никој тоа не вели дека е недемократски. Но друго прашање е немањето концепт на Мицкоски ако формираат Влада, рече Ахмети.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период