Ахмети кандидат на ДУИ за претседател на државата
Откако лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари, официјално потврди дека ќе се кандидира за претседател на државата, во трката влегува и лидерот на ДУИ, потврдуваат за А1он извори од партијата.
Со ова нема да има место за консензуален кандидат уште во првиот круг. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека кандидатот за претседател ќе излезе од редовите на неговата партија и дека профилот на кандидатот што ќе го предложат треба да дели европски вредности, да се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година и човек кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава.
„Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности“, рече Ковачевски во интервју за државната медиумска агенција.
Ново на Сител
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
