Ахмети: Мислам дека БЕСА нема да ја напушти Владата
Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да биде од полза на таа партија, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети во Собранието.
Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети вели дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино.
– Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведуваат законот, рече Ахмети во изјава за Алсат.
Изјавaта на Ахемти, следи по објавата на Фејсбук на генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, кој е и актуелен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во врска со приговорите за изборите во Желино, по кои решаваше ДИК.
– Желино, место во кое се роди една партија (Движењето Беса), може да биде и Желино кое руши влада, напиша Хоџа во објавата.
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
