Ахмети: Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија

Лидерот на Демокрартската унија на Албанците (ДУИ) Али Ахмети, од име на партијата, упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.
- Денешниот ден на независност го одбележуваме на само чекор до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир, еднаквост и евроатлантска интеграција. Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија. Нашата заедничка иднина е предодредена да припаѓа кон Запад, истакнува Ахмети во честитката.
Тој во честитката вели дека Македонија е пред голема, историска одлука, одлука за целосно и полноправно интегрирана во НАТО и ЕУ, и додава дека друга алтернатива, опција или друг пат не постои.
-Веќе две децении нашите граѓани во огромно мнозинство се определени за членство во НАТО и Европската Унија и конечно, денот за исполнување на вековниот сон на нашите граѓани дојде и ние заедно не смееме да ја пропуштиме можноста да ја запечатиме безбедната иднина на генерациите по нас, порачува Ахмети.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
