Ахмети: Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот за да се отстрани додавката 20%

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на настан по пуштањето во употреба на фотоволтаичен покрив на Општина Чаир истакна дека прашање на време е кога ќе се отвори Уставот „за да се отстрани додавката 20 проценти“.
– Сега засега најчувствително прашање е решавање на проблемот со бугарската страна, бидејќи тоа е пречка за понатамошниот напредок кон отворање на преговорите со Европската Унија. Бугарската страна бара да се отвори Уставот кај нас и Бугарите да стануваат уставна категорија во Република Северна Македонија. Го поддржав ова барање на Република Бугарија затоа што право на секој е да се изјасни како се чувствува и ништо лошо нема да се случи со нашата држава и нашите македонски граѓани доколку се отвори Уставот. Тоа не го загрозува интегритетот и суверенитетот, туку е предност и демонстрација на државните вредности што ги застапуваме, рече Ахмети.
На новинарско прашање за коментар за реизборот на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците, Ахмети истакна дека му посакува се најдобро, посочувајќи дека останува на ставот оти на Албанците не им требаат повеќе од две политички партии, бидејќи како што рече, „трета партија им штети колку што може да им наштети отпорот на една партија“.
Ново на Сител
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
