Ахмети се сретна со францускиот амбасадор Тимоние
Политичките актуелности, спорот за името, законот за употреба на јазиците и Евроатланската интеграција и системските реформи. Ова се темите за кои денеска разговарале претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.
Како што соопшти ДУИ, на средбата Ахмети зборувал за процесот посредуван од медијаторот Нимиц за спорот со Грција и изразил целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот.
Ахмети истакнал дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Ја поканил и опозицијата да го поддржи овој процес.
Според Ахмети, достоинствен и прифатлив компромис за двете страни е достапен.
Претседателот на ДУИ ја истакнал и неопходноста од продолжување со реформскиот процес во земјата.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата