Ахмети се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со новоименуваниот италијански амбасадор во Македонија, Карло Ромео.
На средбата, како што информира ДУИ, двајцата соговорници разговарале за политичката ситуација, за изборите на 11 декември, како и за реформите и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.
Ахмети ги појаснил ставовите на ДУИ за претстојните избори, апелирајќи до сите заинтересирани страни да придонесат за изборниот процес. Тој истакнал дека владеењето на правото и системските реформи се составен дел од програмата на ДУИ, заедно со еднаквоста на сите граѓани и економијата.
Лидерот на ДУИ се заблагодарил за досегашната поддршка од Италија за евроинтегративниот процес на Македонија и изразил надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена