Ахмети: Владејачкото мнозинство е стабилно
Лидерот на Дуи Али Ахмети тврди дека владејачкото мнозинство во парламентот е стабилно и покрај тоа што пред два дена координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити си даде оставка. Ахмети тврди дека работата во парламентот функционира, не е блокирана иако некои закони биле заклонети од страна на опозицијата на комисиските расправи.
Оценува дека тоа не е добро и нагласува дека ДУИ секогаш биле отворени за демократија и основниот постулат им е компромисот, дијалогот и секогаш се отворени за тоа. На прашањето зошто на настанот за 40 годишнината од студентските демонстрации во Приштина не присуствувале Изет Меџити, лидерот Ахмети вели дека сигурно имал некои обврски. Али Ахмети - " Овде беа присутни пратеници, министри, па сигурно Меџити имал обврски инаку нема друга причина, нешто вонредно зошто не бил присутен."
Повеќе во дневникот во 19 часот
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка