АХВ: Нов случај на африканска свинска чума во Бугарија, да се почитуваат заштитните мерки

По новиот случај на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград, Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти е пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) на 17 овој месец, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да ги почитуваат донесените решија за спроведување заштитни мерки.
-Граѓаните од пограничните региони со Бугарија и ловните друштва, до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар задолжително да пријават доколку забележат угината дива свиња, бидејќи преку труповите во кои вирусот опстојува долго време, можно е ширење на болеста меѓу популацијата диви свињи. Концесионерите на ловишта да продолжат да спроведуваат засилен надзор во ловиштата и санитарен отстрел, со земање мостри за испитување присуство на болеста од секоја застрелана свиња, апелира Агенцијата.
Според АХВ, лицата кои биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.
-Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ги одржуваат и развиваат биосигурносните мерки на фармите. Свињите да се чуваат затворени, да се води евиденција за нивно движење и да се ограничи пристапот на лица и/или возила на фармите. Неопходно е да се преземаат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, опремата и возилата и контрола на штетниците и векторите на фармите. Свињите да не се хранат со помии, односно кујнскиот отпад треба задолжително и нештетно да се уништи. За секое движење, животните треба да се придружени со валиден сертификат за нивната здравствена состојба. Превозните средства треба да се исчистат и дезинфицираат пред да се натоварат или истоварат животните. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни на болеста кои немаат познат здравствен статус, потсетува Агенцијата.
АХВ апелира и свежото месо, подготовките од месо и производите од месо, како и нус – производите да не доаѓаат во контакт со приемчивите животни, засилена контрола на документацијата да се врши на добиточните пазари и собирните центри, а строго е забрането и продавање животни надвор од добиточните пазари.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
