АХВ: Во природната вода Ругове од Косово присутни бактерии
Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е и увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја.
Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии.
За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, информираат од агенцијата.
Во известувањето се вели:
„Ве известуваме дека по добиен лабораториски наод од Факултет за ветеринарна медицина на Македонија со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка Природна изворска вода Ругове од 1,5 литра во количина од 22,338 кг, со потекло од УЈ Рутове, Косово, наменета за оператор со храна Даути Комерц од Скопје е утврдено присуство на колиформни бактерии кој не е во согласност со Правилникот за посебните барања забезбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (,Службен весник на РМ“ бр. 184/20218). Лабораторискиот наод е извршен со акредитиран методISO/IEC/17025:2018 под број ЛТ-006. Производител на пратката e УJ Рyтове, Косово.
Врз основа на тоа, а согласно член 88 од Законот за безбедност на храна, потребно е од наредните десет пратки со природна изворска вода од увоз кои потекнуваат од Косово независно од кој производител е и за кој оператор е наменета пратката, да се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната.Трошоците за извршените анализи се на товар на операторот со храна-увозникот.„
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба