АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извшат дезинфекција, дератизација и дезинсекција.
Како што соопшти на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, со надзорите на АХВ, освен месарници и маркети, биле опфатени и угостителски објекти и производствени објекти, како и зелени пазари.
-Изречени се вкупно 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и поради работа на вработени без здравстевн преглед за санитарна книшка кои се веднаш отстранети од објектите, истакна Филиповска Грашкоска на прес-конференција во Владата.
Таа соопшти и дека во периодот од 28 март до 1 април шесте инспекциски институции спровеле вкупно 5.213 надзори, а општата констатација е дека поголем дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од коронавирусот. Повеќето од контролите, преку 4.000, ги направил Државниот пазарен инспекторат кој затворил уште 20 угостителски објекти, во Скопје, Гостивар, Тетово, Струга и Битола.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
