АИ: Австрија не го почитува меѓународното право

Меѓународната организација „Амнести интернешанл“ (АИ) упати критики за Австрија поради дневните квоти за прифаќање барања за азил, укажувајќи дека станува збор за кршење на меѓународното право.
Шефот на АИ во Австрија, Хајнц Пацелт изјави денеска дека Женевската конвенција за бегалците не познава поими „квоти“ или „ограничување на барањата за азил“, како и дека таа е обврзувачка и за Австрија.
- Имаме кршење на меѓународното право, констатираше Пацелт.
Австрија го образложи воведувањето на квоти со недостаток на солидарност во ЕУ, посебно околу прашањето за распределба на товарот со бегалците.
- Земја која може да смести 2,8 милиони туристи годишно, тогаш може да направи повеќе. Неприфатливо е да се прифати меѓународна обврска како Женевската конвенција, а потоа при прва криза да се откаже примената, нагласи Пацелт.
Ново на Сител
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
