Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот

Пратеничката од Европскиот фронт, Рина Ајдари, денеска, пред почетокот на седницата во законодавниот дом, на која ќе се расправа по четирите интерпелации поднесени од пратеници од Европскиот фронт против работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, ги образложи причините за поднесување на интерпелациите.
Според Ајдари, Владата не успеала да обезбеди меѓуетнички соживот по случувањата поврзани со прославата на Денот на албанското знаме, за кои рече ја имаат разнишано стабилноста и меѓуетничката хармонија во земјава.
Во врска со интерпелацијата поднесенa против вицепремиерот Изет Меџити, посочи дека toj не ги заштитил интересите на албанската заедница и толерирал дискриминација, игнорирајќи ги неправдите кон Албанците.
– Меџити толерираше дискриминација и ја игнорираше неправдата кон Албанците. Меџити молчи за дискриминацијата и понижувањето што ги доживеа албанската заедница и не ги искористи овластувањата за да обезбеди еднаков третман за сите граѓани. Неговите изјави кои помогнаа да се поддржи селективниот пристап кон меѓуетничките настани јасно го демонстрираат неговиот неуспех да управува со ситуацијата еднакво и правично. Наместо да помогне во создавање можности за меѓуетнички дијалог, тој придонесе за ескалација на кризите, рече Ајдари.
За работата на Тошковски и Исеини, истакна дека спречиле мирна и традиционална прослава на Албанците, која според Ајдари, секогаш била во празнична атмосфера секаде каде што живеат Албанци. Полицијата наместо да го одржува јавниот ред, пратеничката од Европскиот фронт вели поттикнала конфронтации и ескалација на тензиите.
Во врска со интерпелацијата поднесена против работата на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, рече дека бил против гласањето на земјава на заедничката резолуција со која масовните убиства во Сребреница беа признати како геноцид, како и изразувал ставови против жртвите на геноцидот.
– Еден од најважните настани кои го одбележа неуспехот на Панче Тошковски и Астрит Исеини е начинот на којшто постапуваше полицијата за славењето на албанското знаме, каде органите интервенираа на невиден и неоправдан начин, спречувајќи мирна и традиционална прослава на Албанците која секогаш била во празнична атмосфера секаде каде што живеат Албанци. Оваа интервенција предизвика непотребни тензии и ја поткопа атмосфгерата на меѓуетнички соживот. Полицијата наместо да го одржува јавниот ред и да држи неутрален став, поттикна конфронтации и ескалација на тензиите, посочи Ајдари.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
