Aкадемска дебата за одржливост на граѓанските организации во Битола

Бизнис академија Смилевски-Битола и Младински културен центар-Битола денеска одржаа академска дебата за претставниците на граѓанскиот сектор на тема „Одржливост на граѓанските организации преку јакнење на индивидуалните и организациските капацитети“.
Според професорот Цветко Смилевски, академскиот свет може да даде поддршка да се подигне капацитетот на граѓанските организации.
- Секој што сака да формира граѓанска организација или да се вклучи или вработи во граѓанскиот сектор треба да размислува како граѓанската организација да опстојува подолг период, а не како што често се случува да се потскокнува од еден до друг проект, од една во друга организација. Време е македонското општество да ги утврдува своите потреби и приоритети во разни форми, посебно бизнис секторот преку својата општествена одговорност дел од средствата да ги насочува во поддршка на граѓанскиот сектор како еден од најздравите начини на одржливост, истакна Смилевски.
На академската дебата во Битола, менаџерот на МКЦ-Битола Сашо Додовски посочи дека во државата недостигаат наставни програми што нудат едукација на граѓанските организации, менаџирање или социјален менаџмент на граѓански организации.
- Критериумите на различни донатори се сложени и комплицирани и тоа е една од причините што многу граѓански организации не можат да се квалификуваат при аплицирање за одредени проектни активности. Апсорпциската моќ на граѓанските организации од Македонија и државите од регионот е мала за привлекување средства од ЕУ фондовите и затоа потребна е едукација за одржливост. Во наредниот период граѓанскиот сектор ќе нуди можности за нови вработувања, а за тоа ќе има и средства бидејќи донаторската заедница во наредните 15 години ќе биде присутна во државата, нагласи Додовски.
На академската дебата учествуваа преставници од академската заедница и граѓанскиот сектор од Битола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
