-->
-->
Акција на ракометниот колектив Вардар „Донирајте книги за Македонците во Нашице“
-->

Актуелниот европски ракометен шампион Вардар иницира интересна акција, за собирање на книги на Македонците кои живеат во Нашице, Хрватска.
Како што информираат на својот веб сајт, акцијата на донација на книги ќе трае се до заминувањето на црвено-црните во Нашице (28 ноември) на меч против Нексе во СЕХА лигата.
„Сите играчи од составот на Вардар во машкиот и женски клуб, заедно со целокупната клупска администрација со задоволство прифатија да учествуваат во акцијата за собирање на книги за македонската заедница во Нашице. Во следните денови сите тие ќе донираат книги што потоа ќе бидат предадени на македонската заедница.
Потребни се книги на македонски јазик, по можност од македонски автори, или пак популарна белетристика преведена на македонски јазик. Нема ограничен број на книги, ниту наслови. Најважно е да бидат на македонски јазик.
Вардар ги повикува сите свои навивачи, поддржувачи и пред се граѓани кои сакаат да бидат дел од оваа акција, да ги достават книгите во СЦ „Јане Сандански" на билетарницата, секој работен ден од 10 до 18 часот.
Целта на ваквата акција на вардарци е да им овозможиме на нашите сонародници да имаат ново четиво за читање и подобро изучување на македонскиот јазик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
