Акција за чистење на отпадот во студентскиот дом „Пелагонија“

Јавното претпријатије „Комунална хигиена“ –Скопје почна доброволна акција за чистење на енормната количина на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Oпштината Кисела Вода.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје Абдусамед Шабани нагласи дека иако оваа не е нивна обврска, сепак, тие како комунално претпријатије ќе најдат начин како да ги елиминираат сите црни точки што се секојдневие во Градот Скопје.
Воедно директорот Шабани апелира до граѓаните и до медиумите да им се придружат на нивните активности за покревање на свеста кај граѓаните за почисти средини.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов упати апел до сите институции да имаат организирани служби за чистење на просторот.
-Сите општини да се грижат за подобрување на нивото на јавна хигиена и сите граѓани заеднички да помогнеме во оддржувањето на јавната хигиена на Градот. Овие диви депонии, што можевме да ги видиме, ги создаваат луѓе. Отпадот не никнува од земја, туку ние сме тие што сме одговорни за неговот создавање. Токму затоа апелирам до граѓаните на нашиот град и до студентите отпадот да го фрлат таму каде што му е местото, кај корпите и контејнерите. Меѓутоа мора да разбереме дека изборот е наш дали сакаме да живееме во чист или валкан град, изјави Шилегов.
Директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ Бујар Муртезани истакна дека во текот на оваа година ќе биде поставен видео надзорен систем што ќе ги идентификува несовесните студенти и согласно со правилникот за куќен ред и статус ќе бидат соодветно санкционирани.
-Несовесните студенти кои ќе се идентификуваат дека фрлаат отпад првиот пат ќе бидат опоменети, вториот пат ќе бидат казнети со парични казни и третиот пат ќе бидат избркани од студентскиот дом. Службите секојдневно си ја вршаат својата работа и го чистат отпадот и дека има повеќе отпад за време на викенди кога службите не работат, рече Муртезани.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, рече дека во соработка со Комунална хигиена и ЈП „Паркови и зеленило“ минатата година оствариле акција каде од една депонија направиле парк и дека годинава се очекува да имаат уште две такви акции каде целосно ќе се исчистат две нови депонии.
Сите говорници ја искористија оваа акција и за да упатат апел до студентите и граѓаните за посовесно оддржување на јавната хигиена и зачување на животната средина.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
