Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца

На 17.12.2025 во периодот од 11:00 до 13:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без лиценца. При контрола на патничко возило ,,форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И.(67) од с.Камењане, тетовско, на ул.„Илинденска“ во Тетово, констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Исто така, на ул.„Маршал Тито“ во Тетово затекнати се пет возачи вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган. Констатирано е дека Х.К.(48) од Тетово управувал патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки вршел јавен превоз без лиценца, како и Е.М.(49) од Тетово кој управувал патничко возило ,фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички, Б.Р.(71) од с.Брвеница, тетовско, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистерски ознаки, А.Д.(22) од с.Фалише, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и Ф.Б.(51) од с.Џепчиште, тетовско, кој управувал патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави член 284-а од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
-

Почнува тестирањето на камерите за „Безбеден град“
-

ДУИ го обезбеди мнозинството за Законот за прекршоци, Сејф сити нема да се одложи
-

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?
-

Д-р Трајковски: Со враќањето на децата во училиште ќе се зголемат бактериските инфекции
-

Нагло порасна синдикалната кошничка, ССМ се подготвува за протести и генерален штрајк
