Актерот Метју Пери нема да биде дел од собирот на „Пријатели“

Информацијата дека актерската екипа на „Пријатели“ повторно ќе се собере заедно пред камерите изненади голем број фанови низ целиот свет, но веќе еден од актерите од познатата шесторка најави дека нема да учествува на собирот.
Актерот Метју Пери, кој го играше Чендлер Бинг, објави дека нема време за „Пријатели“.
Претходно телевизиската куќа Ен-Би-Си најави дека Метју Пери, заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер ќе учествуваат во двочасовна специјална епизода посветена на режисерот Џејмс Бароус.
- Метју нема да биде дел од собирот, бидејќи се наоѓа во Лондон на проба за својата претстава „The end of Longing“, изјави портпаролката на актерот, додавајќи дека Ен-Би-Си знаеле за тоа, но сепак го најавиле неговото присуство.
Специјалната епизода од „Пријатели“ е најавена за 21 февруари.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
