Актуелниот состав на бугарското Национално собрание заврши со работа
Точно во 16.42 часот на 7 мај, 45-то Национално собрание на Бугарија ја заврши својата работа, која траеше 23 дена и беа одржани девет седници.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија Румен Радев веќе објави дека на 11 мај ќе го потпише указот за негово распуштање и веднаш ќе назначи привремена влада. Таа ќе ја води земјата до предвремените парламентарни избори на 11-ти јули во услови без парламент и ќе му одговара директно до претседателот.
Ова Национално собрание траеше најкратко во новата бугарска парламентарна историја и е единствено кое не успеа да именув премиер и влада и трите мандати за формирање влада беа неуспешни.
Првата одлука што ја донесоа новите пратеници беше промена на зградите – новоизбраните пратеници одбија да влезат во новата парламентарна сала поради фактот што зградата некогаш била Партиски дом за време на владеењето на Тодор Живков и Бугарската комунистичка партија до 1989 година.
Единствено што направи овој бугарски парламент е што го смени Изборниот законик. Според него, во Бугарија ќе има само машинско гласање и нема да има гласачки ливчиња, бројот на избирачки места во странство ќе биде без ограничувања. Планирано е да има видео надзор во избирачките места. Партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ не доби поддршка за предлогот за намалување на субвенцијата за партиите. Пратениците не ги намалија своите плати, иако такви барања имаше од повеќе политички сили. 45-тиот парламент на Бугарија донесе точно 17 одлуки и работеше без одмор за Велигден.
45-то Национално собрание на Бугарија имаше и друг преседан. За првпат, пратеници никогаш не влегоа во Националното собрание затоа што беа ставени во карантин поради Ковид-19. Поради пандемијата, Слави Трифонов се заколна онлајн и не влезе во Националното собрание.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал