Албанците со порака: Рама оди си!
Синоќешниот шести по ред „национален протест” на обединетата албанска опозиција заврши со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша кој рече дека пораката што ја дадоа граѓаните е јасна, дека политичкото решение е заминување на Рама.
Тој упати порака и до меѓународните сојузници дека опозицијата е подготвена на секаква жртва.
-Денешната порака е јасна и конечна до нашите пријатели и сојузници и до противниците и непријателите на демократијата дека сме спремни да жртвуваме се за слободно дадениот глас. Никогаш нема да дозволиме антиевропски деспотизам, кој го зароби праводусдтвото и го блокираше нашето патување кон Европа. Денес ја даваме оваа порака јасна и одлучна. Оваа битка ја започнавме за Албанија како цела Европа и сега е време за политичко решение, заминување на Еди Рама, преодна влада и слободни и фер избори. Еднствен пат за да се отвори затворената врата на Европа, порача Баша.
Посочи дека отпорот и обеднувањето го започнале на 16 февруари, дека синоќа кулминирал со најмасовно народно учество во изминатите три децении и оти продолжува.
Инаку, простестот кој траеше околу три часа почна пред Владата. Во обраќањето Баша го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција ја „носи земјата право во цивилен конфликт”.
Албанската обединета опозиција одлучи следниот „национален протест” да го одржи на 31 мај, денот кога Рама најави официјален почеток на изборната кампања за локаланите избори.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ