Албанија амнестира 900 затвореници
Вкупно 900 осуденици се ослободени вчера попладне од албанските затвори, откако во сила стапи законот за амнестија, додека осум илјади, кои се осудени пред 30 ноември 2015 година, добија намалување на казните.
Со амнестијата се опфатени и 180 лица барани од албанските власти кои се јавиле во затворите во текот на потрагата, јави дописникот на МИА од Тирана.
Само од новиот затвор во Фиер вчера се ослободени 220 лица осудени за разни кривични дела. Во мигот на нивното ослободување, покрај нивните најблиските, присуствуваше и министерот за правда Или Мањани.
Во овој затвор на понатамошно издржување на затворската казна останаа 610 затвореници.
Од затворот со висок степен на безбедност Дренова, ослободени се 90 затвореници. И покрај амнестијата, затворот во Дренова останува преполн. Моментно во него затворска казна издржуваат 390 лица, а капацитетот е 312.
Останатите амнестирани затвореници се од другите затвори.
Ново на Сител
-
Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава
-
Ван Дајк: Мислам дека Ливерпул ќе биде способен да се бори за титулата и во годините што доаѓаат
-
Суарез: Би сакал да станам еден од најдобрите десет стрелци во историјата на фудбалот
-
Феникс Санс го отпуштија Буденхолцер по разочарувачката сезона
-
Најлошата сезона на Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата
-
Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат високи бонуси ако го елиминираат Арсенал
-
Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили
-
Пријавен одрон на пат при удар од цистерна кај Велес, 1 841 повик на 112 во последното деноноќие