Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција

Албанија ќе го реактивира производството на оружје и муниција.
Предлог-законот на Министерството за одбрана, го отвора патот за тоа преку формирање државна компанија, која ќе го контролира овој сектор, објавија медиумите.
Потсетуваат дека првиот повик за воспоставување на оваа инфраструктура во земјата го упатил претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кога во февруари годинава беше во посета на Тирана, на Самитот Украина – Југоисточна Европа, а албанската влада го поддржала повикот, додека премиерот Еди Рама најавил дека во текот на 2030 година ќе започне извозот на оружје.
-Предлогот за враќање на воената индустрија е аргументиран со геополитичките потреби на времето, каде снабдувањето со оружје стана неопходно за НАТО и за земјите што ги поддржува на воени позиции.
Покрај тоа, ангажирањето во зајакнувањето на таквата индустрија може да се смета и како профитабилна активност за економијата на земјата, наведуваат медиумите.
Се очекува државното претпријатие што ќе се формира да ги врати во функција поранешните фабрики и да ги интегрира новите технологии во вооружувањето.
Ова нема да биде единственото вложување во областа на одбраната, бидејќи долгорочниот 10-годишен план има за цел зголемена мобилизација во армијата и формирање на неколку воени бази.
Во Албанија по 1970 година се изградени три претпријатија за производство на оружје и муниција, во Мјекс кај Елбасан, во Грамш и во Поличан, но во истите со децении е запрено произведстото.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
