Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности

Странските директни инвестиции во Албанија во првиот квартал годинава бележат зголемување во споредба со истиот период 2024 година.
Централна банка на Албанија објави дека странските директни инвестиции достигнаа 362 милиони евра во првите три месеци од годинава, со зголемување од околу 2 отсто во споредба со истиот период минатата година.
„Новата капитална инјекција и реинвестирање се зголемија за осум милиони евра на годишно ниво“, се наведува во објавата на Банката.
Во вкупните странски инвестиции за овој период, инвестициите во недвижности водат со 97 милиони евра.
„Во текот на првиот квартал од 2025 година, девизните приливи во форма на странски директни инвестиции беа главно концентрирани во недвижности со 27%, секторот за финансиско посредување со 21%, хидрокарбуранти со 14%, енергија со 6% и транспорт со 4%“, објави Банката.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
