Албанската полиција заплени уметнички дела вредни 1,5 милиони евра прошверцувани од Грција
Албанската полиција разбила криминална група, која од Грција шверцувала икони, уметнички слики, мермерни скулптури од периодот пред Христовото раѓање, чија вредност се проценува на над 1,5 милиони евра.
Според Лоренц Панганка, директор на локалната полициска управа Фиер, во рамки на полициската акција „Вредност“, уапсени се две лица на возраст од 51 и 57 години, жители на Фиер, кои во соработка со други, засега неидентификувани лица, шверцувале уметнички дела од грчката држава за да ги продаваат во Албанија.
– При претрес во нивните домови се пронајдени и како материјални докази одземени 107 уметнички дела за кои постојат основи на сомение дека се прошверцувани од грчката држава, вредни околу 1,5 милиони евра, изјави Панганка.
Во акцијата запленето е и комбе возило со кое ги превезувале украдените вредни предмети, потоа воена муниција, поголема количина на дрога канабис сатива и електронска вага.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
