Албански државјанин осомничен за кражби во две куќи во Струга
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 28-годишен државјанин на Албанија кој илегално престојувал во државава и за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 1 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека осомничениот завчера насилно влегол во две куќи во Струга, одземајќи таблет, телефони, накит, два велосипеди и други предмети.
Обвинителството до Основниот суд во Струга достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.
-Осомничениот заедно со уште едно лице биле осудени во 2019 година во Струга за кривично дело – Разбојништво при обид да ограбат обложувалница, што јасно упатува на неговата подготвеност да стори кривични дела и во иднина. Бидејќи станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, кој не ја почитувал судски определената мерка за 8-годишно протерување од земјава, очигледно е дека осомничениот е подготвен илегално да ја минува границата и лесно да стане недостапен на органите на прогонот. Од тие причини, Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Струга и на осомничениот му определи притвор со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка., стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам