Албанскиот брод „Орику“ спаси 36 илегални мигранти во Егејско Море
Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, при патролирање во водите на Егејско Море, спаси 36 илегални мигранти кои се наоѓале во моторен чамец, јави дописничката на МИА од Тирана.
Веста на Фејсбук ја објави министерката за одбрана Олта Џачка.
– Спасени се 36 државјани на Авганистан, од нив 19 деца, осум жени и девет мажи. Во соработка со Фронтекс предадени се на локалните власти. Горда на нашата морнарица, напиша Џачка.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година и е дел од поморската алијанса на западните земји во Егејското Море.
Во рамки на оваа хумана мисија, чија цел е спасување мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“, чии екипажи во повеќе акции имаат спасено околу 300 имигранти.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро