Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во официјална посета на Македонија
Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Пелеши ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, а по официјалната церемонија со највисоки воени почести, ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации.
Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, за улогата на двете земји-членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност, како и за унапредување на колективната одбрана во рамки на Алијансата.
Македонија и Албанија, како што наведуваат од Министерството за одбрана, имаат одлични билатерални одбранбени односи, соработуваат на регионално ниво и се сојузници во рамки на НАТО – Алијансата.
Албанската делегација ќе биде примена и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на државата Стево Пендаровски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
